Привeдeни пет лица откако кај нив била пронајдена мариxуана

Пет лица биле приведени во текот на последното деноноќие откак кај нив била пронајдена марихуана.
Како што информира МВР:
На 29.01.2022 во 02.50 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Р.(25) и Б.С.(28) двајцата од с.Дебреше, гостиварско, кои се превезувале со патничко возило „ауди а3“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.С., затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.01.2022 во 02.40 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(44) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.01.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.Ѓ.(22) и Ј.Р.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Принцот Хари повторно ја отвори душата: Марихуаната…
Британскиот принц Хари во интервју со авторот…
Акција на МВР во Куманово: Пронајдени марихуана…
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во…
“Од мал во бизнисот”: Малолетник продавал марихуана…
Во текот на вчерашниот ден, малолетник од…
Пронајдена марихуана, приведени двајца мажи во Штип
На 17.10.2022 во 13:20 часот на ул.„Димитар…
Жител на Муртино фатен со марихуана!
СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.З.(33)…