Прилепска гимназија забрани хеланки, кратки пантолони, долги нокти: Учениците да се облекуваат пристојно

t

Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ на својата официјална страница објави правилник за надворешен изглед на учениците.

Правилникот добил и визуелен формат, со односно плакат поставен на влезната врата и низ ходниците на училиштето, и учениците се потсетувале да се придржуваат до правилата од Кодексот за однесување и надворешен изглед.

Според објавата, забрането е да се оди на училиште во маици на прерамки, хеланки, бермуди, шорцеви, кратки пантолони, картки маици, искинати фармерки и пантолони, тренерки и кратки сукњи.

Исто така, на учениците им е забрането да имаат големи нокти и пирсеви.

Во Кодексот за однесување, кој исто така е објавен на страницата на училиштето, наведено е дека машките ученици не смеат да имаат долга коса, репче или брада.

-Учениците да бидат уредно облечени горен дел пристоен изглед – маичка/блуза/дуксер, долен дел фармерки/панталони/сукња со пристојна должина. Со својот пристоен изглед нема да се издвојуваат од средината. Во спротивно, нема да бидат примени на настава.

Дозволена должина на здолништа е до и под колена, а на панталони исклучиво долги.

Секој ученик да внимава на својата фризура за време на настава, (женските со уредна и прибрана фризура без разлика на должината на косата, без шминка и лакирани нокти, а кај машките без долга коса, репче и брада) – наведено е во кодексот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Ај што е незаконски назначен… Новиот директор…

Рециклиран кадар на СДСМ преку ЗНАМ на…

Пожарот кај Небрегово се шири кон две…

Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од…

Петмина повредени во судир на трактор и…

На 14.07.2024 во 20.30 часот во Полициската…

Србите на Ханиоти, а прилепчани заиграа оро…

“Бисер балкански” ечеше во аква паркот “Салида”…