Прилепска цвеќара за Валентајн остана без цвеќе и без 14.500 денари

Педесет и две годишна сопственичка на цвеќарница во Прилеп, вчера, на Свети Трифун и на Свети Валентин, во прилепската полиција пријавила дека е измамена за аранжмани со цвеќе и за 14.500 денари.
Како што соопштуваат од СВР Битола, на сопственичката на прилепската цвеќарница некое лице, телефонски ѝ порачало неколку цветни аранжмани, кои, наводно, ќе бидат платени откако ќе бидат однесени со такси возило на одредена локација во Битола.
Како што пријавила 52-годишната прилепчанка, лицето дополнително побарало од неа на таксистот да му даде 14.500 денари кои подоцна ќе ѝ бидат вратени. Таа постапила според договореното, но парите не ѝ биле вратени, по што сфатила дека е измамена.
Полицијата презела мерки да се расчисти случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Прилепчани се жалат: Комуналец ни наплаќа…
На старите градски гробишта во Прилеп не…
Прилеп ли е, Амазон ли е… ВРИЕ…
Локалниот огранок на СДСМ во Прилеп објавија…
По нападот во Прилеп, Центрите за социјална…
За еден месец, 37 Центри за социјална…