Прилепчанец останал без 3.000 евра, се излажал да инсталира апликација за криптовалути

t

61-годишен прилепчанец бил измамен за сума од 175.000 денари откако инсталирал апликација во надеж дека ќе купува криптовалути, соопшти полицијата.

„На 27.01.2025 во 10.40 часот во ОВР Прилеп, 61 – годишен маж од Прилеп пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 175.000 денари. Според пријавеното, во периодот од средината на август 2024 година до 24.09.2024 контактирал со лицето кое го довело до заблуда дека ќе инвестира во криптовалути, при што бил наведен на неговиот мобилен телефон да инсталира мобилна апликација за која мислел дека служи за купување на криптовалути. Како што е пријавено, преку апликацијата лицето пристапило во неговиот мобилен телефон и аплицирало за добивање на кредит од финансиско друштво, кој му бил пуштен на неговата трансакциска сметка, од каде пак лицето ги повлекло парите“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зградата на Општина Прилеп е ДИВОГРАДБА! –…

*Објава на Фејсбук на Зоран Милошески: -…

Напаѓачот кој застрела социјална работничка во Прилеп…

Мажот кој денеска пукаше и рани социјална…

ПУКАЊЕ ВО ПРИЛЕП! Една жена е ранета!

Денеска околу 14 часот пред Центарот за…

„Со крвави раце парите ги броите“: Во…

Вчера во Прилеп повторно се одржа мирен…

(Видео) Хорор во Прилепската болница – ниту…

Гледач на Инфомакс денеска бил нападнат од…