Прилеп добива над 9,5 милиони евра за инфраструктурни проекти

t

Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални станови и други инфраструктурни проекти се реализираат во Прилеп со поддршка од Владата, а вкупната вредност на инвестициите преку програмите на Министерството за транспорт надминува 9,5 милиони евра.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при работната посета на Прилеп, каде заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски изврши увид во реализацијата на инфраструктурните проекти.

Николоски посочи дека поддршката за општината продолжува преку повеќе програми, со цел подобрување на локалната инфраструктура и условите за живот на граѓаните.

„Само преку разни програми од Министерството за транспорт вкупно се инвестираат 580 милиони денари или околу 9,5 милиони евра“, изјави Николоски.

Од овие средства, околу три милиони евра се обезбедени преку првиот повик, додека преку вториот повик се инвестираат околу 4,5 милиони евра. Дополнително, околу 350 илјади евра се обезбедени преку програма во соработка со Светската банка.

Во инвестициите е вклучена и изградба на социјални станови. Преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор се вложуваат околу 1,5 милиони евра за изградба на објект со социјални станови.

Според најавите, зградата треба да биде завршена до крајот на годинава, додека распределбата и вселувањето на станарите се очекува да започнат напролет.

Покрај локалните проекти, во фокусот на посетата беше и изградбата на автопатот Прилеп–Битола. Николоски оцени дека градежните работи се одвиваат со добра динамика и очекува во текот на следната година да бидат видливи првите целосно завршени делници.

„Крајниот рок останува непроменет, тоа е крајот на 2027 година, но првите километри комплетно завршен автопат, зборувам комплетно, во две насоки 3+3 ленти со изградени помошни патишта ги очекувам веќе следната година“, рече Николоски.

Тој најави дека Владата и Министерството за транспорт ќе продолжат да работат со локалната самоуправа на нови инфраструктурни проекти за Прилеп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…

Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…

Ангелов: Двајца пожарникари биле нападнати вчера во…

Во текот на вчерашниот ден двајца пожарникари…

Прилепчанец е уапсен, дома му нашле билбилчиња…

46-годишен жител на Прилеп доби кривична пријава…

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од…

Со положување цвеќе и пригодна церемонија пред…

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…