Приоритет на Франција за време на претседавањето со ЕУ ќе биде примената на анти-ковид мерките

t

Франција, која на 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија (ЕУ) од Словенија, ќе биде пример во спроведувањето мерки против епидемијата на коронавирус, соопштија денеска француските власти.

Со цел навремено да се реагира на развојот на ситуацијата со коронавирусот, секоја втора недела ќе се одржуваат состаноци на претставници на француските власти задолжени за претседателството со ЕУ и претставници во Брисел.

На тој начин ќе се формулираат препораки за форматот на состаноците во рамките на претседавањето со ЕУ, кои ќе се одржуваат во Франција. Овие препораки ќе важат само четири недели, а потоа ќе бидат ревидирани во согласност со епидемиолошката состојба.

Во зависност од епидемијата на коронавирусот, состаноците ќе бидат виртуелни, со физичко присуство или комбинација од двата формати.

Во согласност со актуелната епидемиолошка состојба, од кабинетот на францускиот премиер Жан Кастекс најавија дека до 23 јануари во земјата ќе се одржуваат само многу важни состаноци со физичко присуство, со намален број членови на делегациите.

Француските власти додаваат дека странските делегации кои доаѓаат во Франција ќе мора да ги почитуваат важечките правила за патување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ќе му дава на Киев три…

Земјите од ЕУ ќе му плаќаат на…

Системот за влез и излез од ЕУ…

Дигиталниот систем за контрола на границите на…

Протест на француските земјоделци пред резиденцијата на…

Земјоделците се собраа пред резиденцијата на францускиот…

913.000 барања за азил во ЕУ во…

Во 2024 година, речиси 913 000 луѓе…

Зеленски: Благодарам ЕУ, Украина доби гаранција за…

Важно е руските средства да останат замрзнати…