Приоритет на Франција за време на претседавањето со ЕУ ќе биде примената на анти-ковид мерките
Франција, која на 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија (ЕУ) од Словенија, ќе биде пример во спроведувањето мерки против епидемијата на коронавирус, соопштија денеска француските власти.
Со цел навремено да се реагира на развојот на ситуацијата со коронавирусот, секоја втора недела ќе се одржуваат состаноци на претставници на француските власти задолжени за претседателството со ЕУ и претставници во Брисел.
На тој начин ќе се формулираат препораки за форматот на состаноците во рамките на претседавањето со ЕУ, кои ќе се одржуваат во Франција. Овие препораки ќе важат само четири недели, а потоа ќе бидат ревидирани во согласност со епидемиолошката состојба.
Во зависност од епидемијата на коронавирусот, состаноците ќе бидат виртуелни, со физичко присуство или комбинација од двата формати.
Во согласност со актуелната епидемиолошка состојба, од кабинетот на францускиот премиер Жан Кастекс најавија дека до 23 јануари во земјата ќе се одржуваат само многу важни состаноци со физичко присуство, со намален број членови на делегациите.
Француските власти додаваат дека странските делегации кои доаѓаат во Франција ќе мора да ги почитуваат важечките правила за патување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…