Природен лек против кашлица и болки во грлото: Содржи само 3 состојки

t

Ви откриваме одличен рецепт со помош на кој ќе ја ублажите кашлицата и болките во грлото на природен начин

Лавровиот лист е една од најлековитите билки, а сирупот од овој производ ги намалува болките во грлото и ја смирува кашлицата. Тој исто така го зајакнува и имунитетот. Листовите се богати со витамин Б и разни минерали.

Состојки:
– 6 сушени листови лавор
– Лимон
– 3, 4 лажички кафеав шеќер или мед
Приготвување:
Во лонец зовријте 2 и пол дцл вода.
Во водата ставете лавров лист, поклопете го и варете го 5 до 10 минути, потоа извадете ги листовите, а водата префрлете ја во друг сад.

Во водата исцедете сок од еден лимон и додајте го засладувачот што сте го одбрале, а потоа сето тоа добро измешајте го.

Пијте го сирупот 3 пати дневно, по едно лажиче.

*Пред употреба на билни и други лекови, секогаш консултирајте се со својот метичен лекар или фармацефт.*

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го одобри лекот на Астра Зенека…

Астра Зенека денеска соопшти дека нејзиниот комбиниран…

ЕУ одобри употреба на лек за рак…

Лекот Енхерту (Enhertu) на британско-шведската фармацевтска компанија…

Добро утро со Инфомакс: Пет најдобри утрински…

После водата, чајот е вториот најпродаван пијалак…

Добро утро со Инфомакс: Зелен, црн и…

Чајот е еден од најздравите и најпопуларните…

Добро утро со Инфомакс: Кој чај е…

Најчесто се смета дека утринска шолја зелен…