Пристигна првата пратка од најавените 250.000 Фајзер вакцини од Италија

Министерот за здравство, Беким Сали доцна попладнево информираше дека во земјава пристигнал првиот дел од најавените 250 илјади вакцини Фајзер, кои се директна донација од италијанската влада.
Оваа донација е преку механизмот Ковакс и во соработка со УНИЦЕФ. Вакцините се сигурни и безбедни. Транспортот е со ладен ланец до петте точки, каде што ќе бидат сместени и ќе ни бидат потребни. Ова е прв дел од донацијата, рече Сали.
Тој упати благодарност до медиумите што го поддржуваат министерството и властите за имунизација на населението.
Единствен начин за заштита од пандемијата е вакцинацијата. Вториот дел од пратката вакцини ќе пристигне во среда, појасни Сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО: Италија отвара Музеј на Холокаустот во…
Музеј посветен на сеќавањето на Холокаустот постои…
Арсовска на средба со италијанскиот амбасадор: Продолжуваме…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…
Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…
(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…
Несомнено е дека за депортацијата на македонските…
Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…