Притвореник се задушил откако ја запалил ќелијата во затвор во Тирана
Несекојдневен инцидент се случил во притворското одделение во полицискиот комесаријат во Камза, општина во Тирана, кога притвореник ја потпалил просторијата, во која се наоѓало уште едно притворено лице.
Од пламените јазици и задушувањето, во болница починал Арбен Мици(26), уапсен за „семејно насилство”, кој според првичните спознанија од увдот, поради отежната психолошка состојба со запалка ја запалил просторијата во која престојувал.
Повредени, но надвор од животна опасност се и Дилавер Идризи, уапсен за убиство во обид, како и полициски службеник.
Двајца полициски службеници од обезбедувањето во просториите за задржување на приведените се уапсени за „злоупотреба на службена должност” и „непомагање” а уште тројца, меѓу кои раководителот на секторот, се суспендрани и се води истрага на слобода, за неизвршување на овластувања.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
44 приведени на протестот на албанската опозиција…
За време на протестот на опозицијата во…
(Видео) Ужасни услови во затворот во Куманово
Нема вода, а тоалетот кој го користат…
Аеродромот во Тирана со рекорден број патници,…
Албанската вицепремиерката и министерка за инфраструктура и…
Трагедија во Тирана: Во болница починаа и…
Трагичен настан се случи во Тирана. Мајка…
(Видео) Протест во Тирана: Фрлени молотови коктели…
Албанската опозиција вечерва протестираше во Тирана, но…