(Видео) Протест во Тирана: Фрлени молотови коктели кон кабинетот на Рама
Албанската опозиција вечерва протестираше во Тирана, но без говори на политичките лидери на Демократската партија или другите опозициски партии. Толпата се упати кон кабинетот на премиерот Еди Рама каде фрлале со молотови коктели, јавува „A2CNN“.
Албанската опозиција побарала дозвола од полицијата за четиричасовен митинг пред премиерскиот кабинет.
Лидерот на Слободарската партија, Илир Мета и претставници на оваа опозициска партија се приклучиле на протестот што Демократската партија го свикала на булеварот „Маченици на нацијата“ пред кабинетот на премиерот.
Демонстрантите најпрвин се собрале на плоштадот „Скендербег“, а претходно го блокираа и патот кон Градската управа.
На почетокот на протестот дошло до мала тензија меѓу демонстрантите и граѓаните кои сакаа да поминат со своите возила, но сè брзо се смирило
Претходно, дел од демонстрантите запалиле гуми пред зградата на Претседателството, но полицијата брзо го изгаснала пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…
„Долу диктатурата“: Вечерва во Тирана повторно антивладин…
Во Тирана вечерва повторно се одржа антивладин…
Повторно судири меѓу демонстрантите и полицијата во…
Во Тирана, за време на студентскиот протест,…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…
Албанија трет ден се соочува со масовни…