Притвор за насилник кој нападнал старица од Штип во нејзиниот дом

t

Полициски службеници од СВР Штип расветлија кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

На 27.01.2026 година, С.Д. (81) од Штип пријавила дека непознато машко лице со употреба на сила влегло во просторијата каде што престојувала и физички ја нападнало, нанесувајќи и тешки телесни повреди. При тоа одзел мобилен телефон и прстен, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 18.000 денари.

По преземени мерки, како сторител е идентификуван Џ.Д. (36) од Кавадарци, кој на 14.02.2026 бил приведен во Прилеп и предаден на СВР Штип.

На 15.02.2026 до ОЈО Штип е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за насилник кој нападнал старица од…

Полициски службеници од СВР Штип расветлија кривично…

Зеленски очекува корисна следна рунда мировни преговори

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во…

Од 1 јули ЕУ воведува фиксна царина…

Советот на Европската Унија формално даде конечно…

Тешко повреден велосипедист во сообраќајна несреќа во…

Тешко повреден велосипедист е епилогот од сообраќајната…

„Да се сретнеме повторно“: Протест во Крагуевац…

Студентите со блокади организираат протестен митинг во…