Тешко повреден велосипедист во сообраќајна несреќа во Скопје
Тешко повреден велосипедист е епилогот од сообраќајната несреќа што се случила на 14 февруари 2026 година околу 21:40 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (38) од село Глумово, скопско, и велосипед управуван од Р.С. (55) од Скопје.
Во судирот со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две и пол години затвор за вработената…
Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки…
Мицкоски: Пуштен е во употреба студентскиот дом…
Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив…
Уапсен е 17 годишник – силувал 15…
МВР информира дека вчера попладне во 16:00…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…
Мицкоски за скандалот во „Македониумот“: Ќе побарам…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан…