Приштина забрани: Српскиот патријарх Порфирије не може да ја посети Пеќската патријаршија за Божик

t

Српскиот патријарх Порфирије со чудење ја примил веста дека властите во Приштина денеска му забраниле, пред големиот празник Рождество Христово што го празнува целиот христијански свет, да пристигне во Патријаршијата во Пеќ.

Таа е првото и вековното седиште на Српската православна црква и манастирот чиј игумен (старешина) е патријархот, соопштија од Кабинетот на Српскиот патријарх.

Се наведува дека Патријархот Пофририј не се откажува од намерата да служи божествена служба во Пеќската патријаршија и дека очекува таа крајно дискриминаторската одлука да биде укината и да престане да се газат човековите права и верските слободи на православните Срби кои живеат во покраината, на земјата на нивните предци, каде што српскиот народ непрекинато живее најмалку 1.500 години.

Патријархот Порфирије се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе, а особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците на Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови, се вели во соопштението од кабинетот на српскиот патријарх.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е…

Филипче рече дека Македонија не е на…

Северна Кореја лансира „сомнителна балистичка ракета“ во…

Северна Кореја во неделата изврши лансирање на…

Во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица,…

Литија по улиците во центарот на Скопје…

(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…

Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…

Двајца загинати и тројца повредени во сообраќајка…

Синоќа на автопатот Куманово-Скопје, кај Агино село,…