Пријави за дури четири залутани куршуми во еден ден, повреден жител на Кондово, но оштетени и автомобили и куќа
Во текот на вчерашниот ден биле пријавени дури четири залутани куршуми, кои предизвикале материјална штета на возила и куќа, но бил повреден и еден скопјанец.
-На 05.09.2026 во 19:33 часот во СВР Скопје, А.М.(30) од Финска пријави дека околу 19:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „мерцедес“ со фински национални ознаки. Тој пронашол едно зрно од огнено оружје во внатрешниот дел на возилото и едно зрно надвор од возилото. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Истиот ден куршум залутал и во Арачиново.
-На 05.09.2026 во 11:45 часот во СВР Скопје, Ѓ.Б.(49) од с.Арачиново, скопско, пријави дека во двор од неговата куќа во с.Арачиново, од залутано зрно од огнено оружје му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Кондово пак куршум залутал во 71-годишен жотел на селото.
-На 05.09.2026 во 13:43 во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“- Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје е донесен Х.Р.(71) од с.Кондово, скопско. Според пријавеното, пред трговски центар на подрачјето на Општина Сарај, додека се движел накај неговото паркирано патничко возило, бил погоден од залутано зрно од огнено оружје. Извршен е увид, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Последниот залутан куршум бил регистриран во Драчево.
-На 05.09.2026 околу 22:20 часот во СВР Скопје, Г.Ѓ. (37) од Скопје пријави дека околу 20:00 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, од заталкано зрно од огнено оружје му бил ошететен олукот од семејната куќа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арачиновец погоден од куршум при семејна веселба
Жител на Арачиново синоќа завршил на комплексот…
Да се плаши човек да излезе на…
Во СВР Скопје, вчера во 13:25 часот…
Заскитан куршум заврши во 40 годишен маж…
Од заталкан куршум синоќа бил повреден 40-годишник…
(Видео) Како најпрецизната на светот руска снајперска…
Најиновативното достигнување на руската индустрија за лесно…