Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп нема да се затвори и ниту еден наставник нема да остане без работа

t

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека процесот на оптимизација на образованието во општината е успешно завршен, при што, како што посочува, ниту едно подрачно училиште нема да биде затворено, а ниту еден наставник нема да остане без работа.

Проданоски вели дека главен приоритет при процесот бил зачувувањето на училиштата и животот во населените места.

„Ниту едно подрачно училиште нема да биде затворено и ниту еден наставник нема да остане без работа“, посочува Проданоски.

Според него, со ваквата одлука се создава поголема стабилност за наставниците, но и се обезбедуваат услови младите семејства да останат во руралните средини и да продолжи развојот на селата.

Дополнително, Општина Прилеп годинава за првпат воведува еднократна парична помош од 3.000 денари за секое запишано прваче.

Јавниот повик ќе биде објавен веднаш по 1 септември, по што родителите ќе треба да ја достават потребната документација. Од Општината велат дека се финансиски подготвени и планираат средствата да бидат исплатени во текот на септември.

Помошта ќе ги опфати сите над 500 првачиња запишани во прилепските училишта.

„Знаеме дека почетокот на учебната година носи дополнителни трошоци“, посочува Проданоски, додавајќи дека мерката има цел да им помогне на семејствата во периодот кога се подготвуваат за новата учебна година.

Од Општина Прилеп оценуваат дека со зачувувањето на подрачните училишта и поддршката за првачињата се создаваат подобри услови за учениците, наставниците и семејствата во општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…

Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…

Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…

Европската централна банка се подготвува за ново…

Европската централна банка се приближува кон ново…

Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…

Се чини дека Украина полека ја губи…

Не наседнувајте: УЈП предупредува на лажни пораки…

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека…