Продолжува штрајкот во Управата за водење матични книги, дел од вработени се соочуваат со притисоци

t

Вработените во Управата за водење матични книги кои се со договор, се соочуваат со притисоци и мора да работат, иако тоа е противзаконски, вели претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги, Тони Милошевски.

Тој за МИА истакна дека вработените со договор се принудени да работат и покрај тоа што не смееле да примаат или потпишуваат документи.

Има притисоци, дури и партиски притисоци што се вршат врз вработените најмногу на тие што се со договор примени, сигурно им се кажува дека ќе ги прекинат договорите ако не работат по закон, тие што се на договор не смеат да примаат документи ни да издаваат ни да потпишуваа, што значи надлежните може кривично да одговараат – изјави Милошевски.

Тој додаде дека доколку притисоците продолжат, ќе бараат изјави од самите вработени и ако се согласат, ќе бидат поднесени кривични пријави.

Милошевски информира дека се уште не ги исконтактирал никој од Министерството за правда.

Ние имавме средба на 19 овој месец во Министерството за правда. На таа средба ни беше прво кажано дека нема да добиеме ни денар поради тоа што не било загарантирано со закон. Ние кажавме не мора 60, нека бидат 30 отсто покачување, но и тоа не го прифатија – појасни Милошески.

Генералниот штрајк започна вчера, Независниот синдикат на Управата бара донесување на колективен договор на ниво на работодавач, контиунирани обуки и систем на унапредување на вработените, усогласување на платите согласно покачувањето на миниминалната плата и линеарно покачување на платите на сите вработени во Управата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кипарските „Ер Трактори“ успешно ја завршија мисијата…

Кипарската мисија за помош на Македонија во…

(Видео) Трет ден гори кај Зајас, се…

Веќе трет ден е активен пожарот над…

Апасиев до ВМРО-ДПМНЕ: Драги неспособњаковци, лекот за…

Лекот за Скопје е централизација, а не…

Значи Балансерот како симбол на нерамноправноста на…

Значи БАЛАНСЕРОТ како симбол на нерамноправноста на…

Русија: Преговорите со Украина нема да почнат…

Со терористичките активности во областа Курск, Украина…