Продолжува pacколот во СДCM – Наташа Петровска: Имав највисок рејтинг во СДСМ во Битола, а не бев номинирана за градоначалник

t

Доскорешната градоначалничка на Битола од редовите на СДСМ, Наташа Петровска, вели дека до ден-денес никој не ѝ објаснил зошто не била кандидирана за втор мандат на локалните избори. Таа вели дека имала највисок рејтинг во партиската анкета, а а сепак не и била дадена шанса да се бори за втор мандат.

– Да. Според она што имав можност да го видам, и од анкетите на СДСМ и од останатите политички учесници во изборниот процес, имав убедливо водство, како во однос на сите кандидати кои беа во игра во самата партија и во однос на тие од другите партии кои подоцна учествуваа на избори. Единствено заради одредени личности на кои им пречев, пред сѐ заради нивни лични побуди, исклучиво нивни лични интереси, не бев кандидирана. Никогаш не ми беше објаснето зошто тоа е така, што покажува дека партијата не умеела човечки да се однесува кон своите луѓе, вели Петровска во интервјуто за „Независен“.

Таа не кажува експлицитно дали му кревала телефон на премиерот Зоран Заев, но потврдува дека не можела а да не ги бојкотира локалните избор. Против неа, како што вели, агитирале и доктори на науки.

– Да нагласам, зборувам за поединци. За луѓе со име и презиме и кои со земањето на тоа право треба да се носат и со одговорноста на грешниот став. А дека беше грешен покажа времето. Да носат одговорност за нивната дрскост и безобразност да поттикнат фијаско на локалните избори. Во оваа пригода, а и во сите други, сите оние на кои не им одговарав, а ги знаеме сите во партијата, ќе треба да имаат храброст да ги погледнат сопартијците во очи и да објаснат, зошто ги обезвреднија анкетите кои на сите партии им укажуваа (според нивните истражувања) која е победничката варијанта. Е сега, тие кои земаат плати од политиките поддржани од останатите кои сега се во незавидна положба заради стопирање на здравите политики, замислете бараат доверба и треба да се наш лик на социјалдемократијата и на вредностите за кои сме се залагале.

Со претседателот Заев сме имале комуникација во која ги навестив моите чекори. Исто така и со негови блиски луѓе. Стојам на ставот дека со тоа што не добив кандидатура за втор мандат некредибилно беше мое делување во поинаква форма, смета поранеѓната градоначалничка на Битола.

Според Петровска, СДСМ за време на локалните избори премногу се потпрел на директорите кои, според неа, немаат никаква врска со реалните проблематики, што на крајот ја чинело партијата катастрофален пораз на локалните избори во големите градови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сашо Тасевски ја пофали полицијата: Цело време…

Пишува Сашо Тасевски на Фејсбук: Ајде откри…

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ веќе 5 дена…

Универзитетското студентско собрание на УКИМ апелираше до…

ЛУЃЕТО ВО ГАЗА МОЛАТ ЗА ЛЕБ: Половина…

Заменик-директорот на Светската програма за храна на…

(Фото) И Раде Штекли си замина од…

Раде Трајковски – Штекли кој преживеа два…

ПОСЛЕДНА ВЕСТ: После Турција, Палевски сакал да пребега…

Првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо моментално се наоѓа…