Промена на правилата за влез на украински автомобили во земјава

t

Владата на редовната седница го задолжила Министерството за внатрешни работи за два дена да достави предлог со кој ќе се најде начин украинските патнички возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во земјава и да бидат вклучени во сообраќајот, без притоа да им се бара возачите кои управуваат со нив сами да го покријат надоместокот.

Владата го задолжи МВР, во координација со Министерството за финансии, а во соработка и со Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Здружението на осигурителните компании, во рок од два дена до Владата на Република Македонија да достави соодветен предлог во насока на изнаоѓање на начин украинските патнички моторни возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во Република Македонија и да бидат соодветно вклучени во сообраќајот, без притоа да се бара надоместокот да го покријат самите – информира владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…

Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…

(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…

Несомнено е дека за депортацијата на македонските…

Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…

Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…

Најмладиот пациент во Македонија што оди на…

Никогаш да не се заборави: Се одбележуваат…

Од денеска до недела ќе се одбележуваат…