Променливо облачно време, попладне дожд
Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекува повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека времето во текот на новата седмица ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
За утре и задутре најавено е да дува засилен до силен ветер од западен правец, наместа со брзина над 60 километри на час. Дневната температура се очекува до вторник да биде во пораст, а од среда во постепено опаѓање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Променливо облачно време, попладне дожд
Денеска не очекува променливо облачно време со…
Метео: Дожд и силен ветер над 70…
Под влијание на циклонска активност ќе има…
(Видео) Магнетна бура ја погоди Земјата, предизвикувајќи…
Синоќа, Земјата беше погодена од втората магнетна…
Еве какво време не очекува денес
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен…
Земјата денеска во 14.28 часот ќе биде…
Денеска во 14 часот и 28 минути,…