Пронајдена Ана Волш? Женско тело пронајдено во центар за рециклирање, се чекаат резултатите

t

Тело на непозната жена е пронајдено во центарот за рециклирање во Хартфорд, јавуваат американските медиуми, додавајќи дека засега не може со сигурност да се каже дека тоа е исчезнатата Ана Волш.

Полициската управа во Хартфорд одговорила на пријавата дека во центарот за рециклирање е пронајдено тело на жена, пишува „Бостон“.

Полицијата е на терен, а во моментов е во тек увид.

Во текот на истрагата, која е веднаш покрената, ќе се утврди идентитетот на жената чие тело е пронајдено. Се уште нема потврда дали се работи за телото на исчезнатата Ана Волш.

Инаку, Ана Волш од Белград, исчезна на 1 јануари. Нејзините колеги го пријавиле исчезнувањето на 4 јануари, додека нејзиниот сопруг Брајан е уапсен на 8 јануари.

Тој е обвинет за убиство на неговата сопруга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен главниот уредник на ТВ „Информер“, Драган…

Во Белград денеска е уапсен главниот и…

Речиси 40 килограми кокаин откриени во камион…

Речиси 40 килограми кокаин откриле царински службеници…

Вреди му одговори на Ахмети: Вашите министри…

Писмото на Али Ахмети, во кое тој…

(Видео) Момин Поток пред завршница: Поставен асфалт…

Изградбата на клучката кај Момин Поток е…

Студен бран ја зафаќа Македонија, за викендот…

Утрото ќе биде ведро и студено, а…