Пронајдени оружје и муниција, приведени две лица во Прилеп

t

На 17.03.2023 во Прилеп полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп ги лишиле од слобода А.С.(23) и Р.Р.(23), двајцата од Прилеп.

При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, кај А.С. биле пронајдени и одземени пиштол „екол туна“ модел 635 и рачка со калибар 8 мм, една рамка со  куршум калибар 8 мм, додека кај Р.Р.  биле пронајдени и одземени пиштол „сигсауер“ калибар 9 мм со рамка без муниција, пиштол „екол фират“ калибар 9 мм со една рамка во која имало маневарски куршум 9 мм, пиштол „валтро“ модел 85 компакт, ловна пушка со чаркови, со скратен кундак и цевки, 30 куршуми калибар 9 мм и 10 парчиња ловен патрон 12 мм.

По комплетно документирање на случите против двете лица ќе биде поднесен  соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Фотографии” од апсење на Трамп ги преплавија…

Социјалните мрежи ги преплавија лажни фотографии од…

Што се случува?! И наставник во Прилеп…

Битолската полиција вечерва го приведе 54 годишниот…

Пронајден кокаин во вредност од 30.000 ЕВРА!…

Гостиварецот, кај кого при претрес на домот,…

Приведен кичевчанец кај кого е пронајдена марихуана

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.Б.(36)…

Пронајдени оружје и муниција, приведени две лица…

На 17.03.2023 во Прилеп полициски службеници од…