Пронајдени пет мигранти од Непал во возило во Куманово, приведен 29-годишен скопјанец

t

Пет мигранти од Непал биле пронајдени во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, при полициска контрола во Куманово. Во врска со случајот, приведен е 29-годишен жител на Скопје, кој го управувал возилото.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил откриен на 17 ноември, во 22:30 часот, на местото викано „Нато клучка“ во Куманово, при контрола извршена од полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север.

Возачот А.И. (29) од Скопје бил лишен од слобода, а мигрантите биле спроведени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдени пет мигранти од Непал во возило…

Пет мигранти од Непал биле пронајдени во…

Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…

18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…

56-годишна жена тешко повредена откако била удрена…

Жена од Тетово се здобила со тешки…

Сам се пријави во полиција битолчанецот кој…

МВР информира дека денеска полициски службеници од…

Нов мигрантски бран на Канарските Острови: речиси…

Речиси 2.200 мигранти пристигнале со чамци на…