Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар

t

Попладнево, околу 14:30 часот, во Територијалната противпожарна единица Велес била примена дојава за забележан леш во реката Вардар, во близина на селото Уланци.

Пожарникарите веднаш се упатиле кон местото на настанот.

Од ТППЕ Велес информираа дека е интервенирано со едно возило и двајца пожарникари-спасители. Лешот бил извлечен од реката и предаден на надлежните служби.

Јавната обвинителка од ОЈО Велес, Цветанка Богоевска, ја потврди информацијата и соопшти дека се преземени првични истражни мерки. Наложена е обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар

Попладнево, околу 14:30 часот, во Територијалната противпожарна…

Рубио очекува напредок во преговорите меѓу САД…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Зеленски разговарал со Руте: Ова се важни…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека…

Нема зголемување на старосната граница за пензионирање,…

Првиот човек на Фондот за пензиско и…

Маж избоден во Чациленд во Белград

Рано утрово во шаторската населба „Чациленд“ пред…