Рубио очекува напредок во преговорите меѓу САД и Украина
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека очекува преговорите со украинските претставници да донесат „натамошен напредок“ кон постигнување договор за прекин на војната во Украина.
„Ова не е само прашање на мировни договори. Тоа е создавање пат кон иднината што ќе ѝ овозможи на Украина да остане суверена, независна и просперитетна, и очекуваме дека денеска ќе постигнеме уште поголем напредок“, рече Рубио.
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, претходно денеска објави дека преговорите со САД се започнати и изрази позитивни очекувања од новата средба со американската делегација во Мајами, нагласувајќи дека разговорите особено ќе се однесуваат на безбедноста на Украина и нејзината иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
Пет дена боледување од матичен – Нови…
Од 1 декември се менуваат правилата за…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…