Просечната плата во јануари 46.617 денари, програмерите остануваат најплатени

t

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2026 година изнесувала 46.617 денари, покажуваат пресметките на Државниот завод за статистика. Во споредба со јануари 2025 година, платата е повисока за 8,3 %.

Зголемувањето се должи на растот на платите во неколку сектори, меѓу кои: административни и помошни услужни дејности (12,9 %), трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (11,1 %) и преработувачка индустрија (10,5 %).

Намалување на просечната плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите транспорт и складирање (7,4 %), градежништво (5,3 %) и финансиски дејности и дејности на осигурување (3,8 %).

Програмерите остануваат најплатени во земјава, со просечна плата од 107.016 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Следуваат вработените во научното истражување и развој со 79.530 денари, воздухопловниот транспорт со 78.905 денари, складирањето и помошните дејности во превозот со 72.311 денари и другите стручни, научни и технички дејности со 70.677 денари.

Најниски плати имаат вработените во секторот производство на кожа и кожни производи со 29.670 денари, производство на облека со 29.791 денар и рибарство и аквакултура со 29.794 денари, при што овие примања се неколкукратно пониски од највисоките во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната плата во јануари 46.617 денари, програмерите…

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

Иран: Изјавите на Трамп за разговори со…

Иран негира дека се водени некакви разговори…

ФЗО го ‘’чешлаше‘’ МВР – утврдени лажни…

Полициски службеник четири пати за година и…

Шеф на нафтен гигант предупредува: Долг конфликт…

Извршниот директор на TotalEnergies, Патрик Пујане, предупреди…

(Видео) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да…

Американскиот претседател – Доналд Трамп изјави дека…