Иран: Изјавите на Трамп за разговори со нас се лажни вести за манипулација со финансиските и нафтени пазари
Иран негира дека се водени некакви разговори со САД и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека двете страни „постигнале согласност околу клучните точки“. Трамп претходно објави дека Вашингтон и Техеран одржале „многу силни“ разговори во изминатите 24 часа и оти е јасно дека Иран „сака да постигне договор“.
Меѓутоа, претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф повтори дека немало разговори.
„Не се одржани никакви разговори со Соединетите Американски Држави, а лажните вести се користат за манипулација со финансиските и нафтени пазари и за извлекување од ситуацијата во која западнаа САД и Израел“, рече Галибаф.
Оваа изјава е спротивствена на претходен извештај на израелски претставник кој за Ројтерс рече дека токму Галибаф ги предводи преговорите со Вашингтон.
Според иранската државна новинска агенција ИРНА, портпаролот на иранското министерствоза надворешни работи изјави дека „пријателски“ земји пренесувале пораки според кои САД бараат преговори за завршување на војната на што иранската страна не одговорила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…
Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…
Кличко ги повика жителите на Киев да…
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…
Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…
Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…