Протестен марш во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
Со почеток во 14 часот во Скопје се одржа протестен марш за поддршка на поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, како и за останатите тројца поранешни водачи на ОВК – Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Кадри Весели, кои беа прогласени за виновени за воени злосторства и осудени од страна на Специјализираниот совет во Хаг.
Собирот се одржа кај споменикот „Скендербег“, а граѓаните носеа транспаренти на кои пишуваше „Слобода“ и „Правда“. Меѓу присутните беа и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и претстедателот на Албанскиот сојуз, Зијадин Села.
Од орагнизацискиот совет на протестот најавија дека се поканети семејства на загинати, ветерани и воени инвалиди, поранешни затвореници и политички прогонувани лица, како и претставници на верскиот, академскиот и граѓанскиот сектор.
На 16 септември Хашим Тачи и Јакуп Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Кадри Весели на 18, а Реџеп Селими на 13 години. Судскиот совет ги прогласи за виновни за повеќе воени злосторства, додека за обвиненијата за злосторства против човештвото беа ослободени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
Гаши: Ставот за пресудата на водачите на…
Претседателот на Собранието Африм Гаши пред медиумите…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…