Протестен марш против фемицидите и насилството врз жените од 17 часот

t

Протестниот марш против фемицидите и насилството врз жените ќе започне во 17 часот во паркот „Жена Борец” и ќе заврши пред зградата на Министерството за внатрешни работи на РСМ

-Денес, на 25 ноември, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата, во 17 часот се среќаваме на единственото место каде сакаме и мораме да бидеме заедно: на улица, во протестна борба за женските животи!

Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат!

Додека жените ги убиваат, пријавите за насилство остануваат во фиока, а институциите не делуваат. Не ни требаат свечености, обесмислени протоколи, светкави настани, портокалово осветлени згради и одмерени говори.

Излегуваме на улица затоа што сме гневни. Затоа што одбиваме да се помириме со општество во кое постојано сме предупредувани да внимаваме, да се штитиме и да се плашиме. Одбиваме да поддржуваме институции кои не сакаат и не можат да не заштитат.

Не прифаќаме и нема секое ново убиство да биде неколкудневна јавна вознемиреност проследена со институционален молк. Доста е со прес-конференции, извештаи од не-комисии и вербална солидарност.

Нема да дозволиме институциите да се кријат зад протоколи, извештаи, процедури и комисии!

Нема да ја дозволиме апсурдната вообичаена дневно-партиско-политичка програма додека ние ги закопуваме нашите другарки!

Нема да дозволиме нашиот гнев да го наречете хистерија!

Веќе ниту бараме, ниту молиме. Сега инсистираме! Инсистираме на институционална одговорност, навремена заштита, доследно постапување и судска правда за сите жени кои преживеале насилство, за сите жени чии животи беа одземени. ВЕДНАШ!

Протестниот марш на 25.11. ќе започне во 17 часот во паркот „Жена Борец” и ќе заврши пред зградата на Министерството за внатрешни работи на РСМ.

За крајот на протестот активистки ќе изведат не-симболична перформативна акција. На протест одиме секој и секоја со своја грутка земја. Може да е од градилиште, од двор, од саксија или од планина. Не мора да е убава, не мора да е плодна.

Нашата земја мора само едно – да е праведна!

Излегуваме на протестен марш заедно со нашите браќа, сестри, мајки, татковци, партнери, партнерки, баби и дедовци, другари и другарки.

Излегуваме и заедно се бориме за женските животи! НЕМА ДА МОЛЧИМЕ!Се гледаме денес во 17 часот во парк „Жена Борец” – стоо во соопштението на Неформална граѓанска иницијатива “Ниту една повеќе!”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протестен марш против фемицидите и насилството врз…

Протестниот марш против фемицидите и насилството врз…

Мостарец осуден на максимални 45 години затвор…

Кантоналниот суд во Мостар денеска го осуди…

Mирен протест во Богданци во чест на…

Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…

„Фемицидот мора да се спречи пред да…

Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот…

Европското движење во Република Северна Македонија го…