Протестите продолжуваат: Возовите ќе бидат блокирани и утре

t

Откако утрово од страна на надлежните беше игнориран протестот на вработените во фабриката за шински возила во Велес „Колска“, тие велат дека и утре од 7:30 до 8:30, ќе го блокират железничкиот сообраќај, така што ќе застанат на пругите кај велешката станица. Потоа, протестот ќе продолжи пред УЈП.

Тони Арсовски, претседател на синдикалната организација во „Колска“ при ССМ вели дека стравуват што ќе се случи со нив, затоа што веќе 6 месеци сметката на компанијата е блокирана од страна на УЈП. Сепак, со цесии, тие успевале да земат плати, заклучно со мајската.

– За јуни не сме земале плата. Од друга страна земаме плати под минималната плата. Минималната плата е основна, така што не треба да се добијат само 18.000 денари, на неа треба да има и додатоци, како што е минат труд, потоа, согласно нашите акти – 10 проценти за квалитет и 30 проценти за рационално искористено време. Тие додатоци ги има откако јас сум тука на работа, а работам во фабриката 24 години – вели Арсовски.

Тој објаснува дека фабриката има работа, дека од крајот на минатата година досега се сервисирани 60 цистерни на приватна компанија, а дека тука се сервисираат и вагони од МЖ Транспорт.

Во „Колска“ сега работат 78 работници.

Извор; Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…