Објавено на:

„Протече“ извештајот на ЦИА за Хавана синдромот

t

Американската разузнавачка служба ЦИА не го смета Хавана синдромот за резултат на намерна глобална кампања на непријателски сили, притоа оставајќи можност за странска вмешаност во одредени случаи, се вели во внатрешниот извештај на таа служба.
„Не го гледаме ова како глобална кампања на странски актер“, изјави за Политико висок функционер на ЦИА.
Според американските медиуми, ЦИА открила убедливи и веродостојни објаснувања за Хавана синдромот во стотици пријавени случаи, но нејзините службеници не го идентификувале механизмот или оружјето користено во тие случаи.
Сепак, според официјални лица на ЦИА, има уште дваесетина нерешени случаи, а агенцијата продолжува да истражува дали некоја земја или некоја сила стои зад Хавана синдромот, кој се препознава по симптоми како што се главоболки или гадење.
„Не би ја исклучиле целосно можноста дека некој странски фактор бил вмешан во некои случаи“, изјави за Политико претставник на ЦИА.
Американските медиуми наведуваат дека дел од дипломатите погодени од Хавана синдромот се разочарани од внатрешниот извештај на ЦИА.

Неодамна „Волстрит журнал“ објави дека американските дипломати во Женева и Париз биле погодени од овој синдром. Инцидентите наводно се случиле минатото лето. Во Женева тројца дипломати пријавиле симптоми и најмалку еден од нив бил евакуиран во САД. Висок функционер во амбасадата во Париз, наводно, го информирал Вашингтон за еден сомнителен случај и ги повикал вработените во таа дипломатска мисија да пријават невообичаени симптоми.
Првиот случај на Хавана синдромот меѓу американските дипломати е забележан во 2016 година во Куба, по што беше именуван, а потоа и во Кина во 2018 година.
Дипломатите пријавиле дека слушнале продорен звук, а потоа имале долгорочни здравствени проблеми.
Официјални лица од американските дипломатски претставништва во Русија, Таџикистан, Австрија, Колумбија, Србија и други земји го пријавиле овој синдром кој се карактеризира со гадење, главоболка и вртоглавица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…

САД и Велика Британија ги повикаа нивните…

Амбасадата на САД во Бејрут и британската…

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…