Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК ректорката Биљана Ангелова

t

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК ректорката Биљана Ангелова и апелираат Антикорупциска да истражи дали таа работи за лични и бизнис интереси, или за образованието.

И по доставувањето на Пријавата за прекршување на Законот од страна на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, лицето проф. д-р Биљана Ангелова, најстариот државен универзитет и неговиот углед се во слободен пад. Показател за тоа е и што таа не се избори за поголеми буџетски средства за УКИМ во државниот буџет за 2024 година, дотолку што со Буџетот не се предвидени средства ни за подобрувањето на стандардот на професорскиот и сорботничкиот кадар предвидено со Колективниот договор. А резултатот од тоа ќе биде еден и единствен – помалку можности за себенадградување и следствено во отсуство на ресурси, помалку можности за постигнување професионални научноистражувачки резултати кои би го издигнале реномето на Универзитетот како што посакуваме. Во меѓувреме, објавен е и извештајот на Државниот завод за ревизија за 2022 година, кој и покрај селективните тврдења на ректорот, содржи и клучни утврдени состојби што укажуваат на пропусти што во тој период се  во надлежност токму на лицето Ангелова како проректор за финансии. Секојдневно сме сведоци дека ентузијазмот на Универзитетот опаѓа и дека некој свесно го втурнува во бездна, остварувајќи ги само минимум задолженијата што ги има како ректор. Затоа, и нема да нè зачудува што најстариот Универзитет во државата и натаму ќе биде сè пониско на меѓународните ранг листи.

Нам, добро ни се познати причините зошто се случува сето ова – затоа што на ректорската позиција е личност на која приоритет не ѝ е Универзитетот, туку ѝ се личните и бизнис интереси. Јасно ни беше и кога ја доставивме пријавата, но Ангелова, демонстрирајќи некаква моќ, и натаму свесно го прекршува Законот, останувајќи дел од одбори во приватниот сектор и предавач на приватни т.н. академии кои ги форсира пред државниот Универзитет. За лицето Ангелова, претходно проректорската, а сега ректорската функција, за жал се само инструмент за злоупотреба за остварување на интереси надвор од Универзитетот. За неа, позицијата на државниот универзитет е само визит-карта за остварување на лични интереси во бизнисот, кои се дотолку силни што и тенденциозно се настапува спротивно на интересите на нашиот Универзитет.

Затоа, упатуваме јавен апел до Државната комисија за спречување на корупцијата, до која се обративме со целосна доверба и со доставување конкретни голем број наоди, до крајот на мандатот на актуелниот состав да не подлегне на притисоците и да го доврши предметот отворен за лицето Биљана Ангелова, а со тоа најважно – да го заштити интересот на Универзитетот, што е интерес и на државата. Напоменуваме дека до ДКСК имаме доставено и дополнителни наоди кои се од исклучително сензитивен карактер и кои ги немаме споделено со јавноста до објавување на одлуката на ДКСК, за да не наштетиме на постапувањето на надлежната интитуција. Надеж за Универзитетот дава изјавеното од ДКСК дека се постапува по пријавата. Се надеваме дека како што тоа го направи и за други случаи, вклучително и за случај со кој се злоупотребуваат универзитетски дипломи и се прават фалсификати, ДКСК јавно ќе се произнесе и за Пријавата за сериозните прекршувања на Законот од страна на ректорот на УКИМ.

Не смееме да дозволиме Универзитетот да продолжи да тоне поради лични и бизнис интереси, зашто со него тоне и иднината на државата. Во оваа 2024 година, мора да запре слободниот пад. Затоа уште еднаш, јавно апелираме до ДКСК, но и до сите други надлежни институции да ги заштитат интересите на Универзитетот и да постапат по сериозните наоди за стореното од лицето Биљана Ангелова, велат професорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иницијатива за утврдување одговорност за Директорката и…

Државната комисија за спречување на корупцијата покрена…

МД „Илинден”: Честитки до студентите по македонски…

Македонското друштво "Илинден"-Тирана упатува честитки до првата…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

ДКСК го попари Николоски: Не постои никаква…

Државната Комисија за спречување корупција уште во…