Професорот Трајковски ги обвини „антиваксерите“ за садизам

t

Унверзитетскиот професор по дневна механика, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со корона вирусот тврди дека ефективноста на вакцините против смртен исход сé уште е прилично висока.

„Неделава околу 87% и не покажува знаци на влошување. Морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните (постари од 60 години) изминатата недела изнесуваа 3,4 наспроти 26 починати на 100.000 лица дневно.

Од почетокот на бранот на делта сојот (06.08.2022) до 10.02.2022 починале 3.161 лице. Сметајќи со морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните од недела во недела, доколку биле сите вакцинирани би починале околу 1.001, а доколку никој не бил вакциниран, би починале околу 8.922 лица.

Благодарение на вакцините се спасени околу 5.700 животи, но можеа да бидат спасени уште други 2.100 од починатите, дури и со ефективноста на две дози од постоечките вакцини. Со три дози веројатно и малку повеќе, но засега немаме доволно податоци за поточна пресметка.

Заклучуваме дека најголемиот проблем не е малиот број трети (бустер) дози, туку малиот број втори дози од вакцините.

Жалосно е да се гледа како умираат луѓе поради доведеност во заблуда и некаква ирационална упорност, но тоа е нашата реалност. Ако некој не сака, не можеш со сила да му помогнеш.

Дали антиваксерските агитатори се всушност еден вид садисти, кои уживаат гледајќи ги луѓето како умираат поради заблудата во која ги довеле? Дали за нив ова е само забава? Од друга страна, неинформираните луѓе се погоден медиум за манипулирање од страна на овие предатори.

Да повториме уште еднаш: морталитетите кај вакцинираните и невакцинираните (постари од 60 години) изминатата недела изнесуваа 3,4 наспроти 26 починати на 100.000 лица дневно. Поинаку кажано, ризикот од смртен исход кај невакцинираните е 7,6 пати поголем отколку кај вакцинираните. На паметниот му е доволно“, вели проф. Трајковски во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…