Проф. Трајковски: Немам видено пациент/ка со спастична параплегија што така свежо изгледа и стои исправено на двете нозе како бегалката Ива

t

Немам видено пациент/ка со спастична параплегија што така свежо изгледа и стои исправено на двете нозе како бегалката Ива, пишува професорот Владимир Трајковски на социјалните мрежи.

– Како професор што предава Медицински основи на инвалидноста во целата своја кариера немам видено пациент/ка со спастична параплегија што така свежо изгледа и стои исправено на двете нозе на ТВ како бегалката Ива Михаилова. Не знам какви знаци и симптоми имала на прегледот пред неколку месеци на Клиниката за неврологија, но сега Ви гарантирам дека нема знаци за спастична параплегија. – стои во објавата на професорот.

Професорот Трајковски е редовен професор на Институт за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје.

Проф. д–р Владимир Трајковски е роден 1968 година во Скопје. Дипломирал (1994) и магистрирал (1999) на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во септември 1997 година се вработува на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за дефектологија. Докторската дисертација на тема „Имуногенетски анализи кај лица со аутизам во Република Македонија” ја одбранил на 11 декември 2002 година на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со што се стекнал со звањето доктор на науки по дефектологија. Во звање доцент е избран во април 2003 година, а во звање вонреден професор избран е во декември 2007 година. Од октомври 2012 година е редовен професор при Инститот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет во Скопје.

Добитник е на наградата за најдобар научник од областа на медицинските и здравствените науки на УКИМ за 2017 год.

Посетувал курсеви и семинари и остварил студиски престои на универзитети во Холандија, Германија, Ирска, Белгија, Србија, Бугарија, Хрватска, Полска, Естонија.

Претседател е на Македонското научно здружение за аутизам и член е на разни меѓународни асоцијации како што се: Меѓународната асоцијација за научни студии на интелектуалните нарушувања, Европската асоцијација на сервис провајдери на лица со пречки во развојот, Аутизам Европа и други. Главен и одговорен уредник е на меѓународното списание со седиште во Холандија Journal for ReAttach Therapy and Developmental Diversities.

Бил главен и одговорен уредник на списанието „Дефектолошка теорија и практика“ од 2008 до 2017 година.

Го зборува англискиот јазик; голем љубител е на спортот и на популарната музика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ