Птица заглавена во моторот спречи авион да полета од Солун
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени на аеродромот „Македонија“ во Солун, откако беше откажан летот кон Германија поради тоа што била пронајдена птица во еден од моторите на авионот, објави „Екатимерини“.
Летот требало да полета во вечерните часови, но патниците чекале неколку часа пред авиокомпанијата да ги информира дека летот нема да се реализира од безбедносни причини.
Инцидентот активирал стандардни безбедносни процедури, при што авиокомпанијата ги презела неопходните мерки за отстранување на птицата и за техничка проверка на авионот.
На патниците им било соопштено дека летот ќе биде реализиран денес.
Засега нема дополнителни информации за инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Птица заглавена во моторот спречи авион да…
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…
Грчката полиција уапси три лица поврзани со…
Грчката антитерористичка полиција уапси три лица во…
Девојка од Македонија пронајдена мртва во стан…
Девојка (23) од Македонија вчера попладне е…
Во пожарот кај Солун изгореа две фабрики,…
Пожарот што уништи два индустриски погони и…
Голем пожар во близина на Солун, гаснат…
Големиот шумски пожар што избувна вчеравечер во…