Објавено на:

Путин: Ако нема леб, јадете колачиња

t

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светот нема да има проблеми да добие жито од Источна Европа, особено од Русија. Иако се соочува со криза и санкции, Путин изјави дека Русија е подготвена да извезува жито на светскиот пазар.

„Планираме добра жетва. Господ ќе ни даде да бидеме добро. Ќе можеме да испорачаме педесет милиони тони жито на светскиот пазар“, рече Путин денеска за време на самитот БРИКС плус.

Тој исто така нагласи дека Русија е подготвена да ги исполни сите свои обврски за житариците, како и за извозот на вештачки ѓубрива, земјоделски производи и енергенси и покрај се потешките услови за извоз. Коментирајќи го извозот на жито од украинските пристаништа, Путин оцени дека Западот вештачки создава криза.

„Го кажав ова многу пати во јавноста, но овде уште еднаш го потенцирам. Русија не го спречува извозот на украинско жито надвор од територијата на оваа земја и е подготвена да обезбеди слободен премин на бродовите со жито во меѓународните води. Се разбира, Украинската армија мора да ги исчисти пристаништата од мини“, рече рускиот претседател.

На крајот од своето обраќање тој објасни дека поскапувањето на храната најмногу ги погодило земјите во развој, каде лебот и брашното се неопходни за опстанок.

„Меѓутоа, Западот е циничен према тамошната ситуацијата и постапува по принципот на зборовите на Марија Антоанета – ако нема леб, јадете колачиња“, заклучил Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Илинденска“ Скопје via Москва: Директни пипци од…

Ќерката на вицепремиер во земја членка на…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

(Фото) Ова е хеликоптерот што Србија ни…

Припадниците на хеликоптерската единица и Министерството за…

Венс: Ако победи Трамп ќе преговара со…

Доколку Доналд Трамп победи на изборите, ќе…

Кремљ ги засили мерките за безбедност на…

Безбедноста на претседателот на Русија, Владимир Путин,…