Путин: Во контакт сме со Илон Маск
Русија е во контакт со американските партнери, вклучително и со Илон Маск, во врска со сателитските констелации во ниската Земјина орбита, и покрај политичките разлики, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Илон Маск е индустриски гениј, во орбитата има повеќе од 5.000 сателити. Во близок контакт сме со нашите американски партнери, вклучително и со господинот Маск“, истакна рускиот лидер за време на обиколката на изложба во рамки на самитот „Русија – Африка“.
„Во орбитата е важно да се одржуваат дисциплината и редот. И ние и нашите американски партнери му придаваме големо значење на тоа и, и покрај политичките прашања, тесно соработуваме во оваа област“, додаде рускиот претседател.
Путин изјави дека Русија е во контакт со САД во врска со соработката во космичката сфера, особено со Илон Маск, основачот на компанијата „СпејсЕкс“, која управува со сателитската мрежа „Старлинк“.
Рускиот претседател нагласи дека лансирањето сателити во орбитата бара ред и дисциплина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…