Објавено на:

Путин го отповика Баздникин од функцијата амбасадор на Руската Федерација во Македонија

t

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој го отповикува Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор во Македонија.

Во претседателскиот указ објавен денеска на порталот за правни акти на Русија, пишува:

„Да се ослободи Сергеј Александрович Баздникин од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“.

Не е соопштена причината за отповикувањето на 58-годишниот дипломат, кој беше амбасадор на Руската Федерација во Македонија од 2018 година. За време на неговиот мандат се случија дипломатски проблеми меѓу двете земји, откако по нападот на Русија врз Украина во 2022 година, Москва протера македонски дипломати поради поддршката на земјава за Украина, а нашето МНР одговори со реципрочни мерки на протерување руски дипломати.

Како што потсетуваат руските медиуми, Путин во септември ги отповика и амбасадорите на Русија во Турција и Узбекистан. Засега нема најава за тоа кој би можел да го замени Баздникин на амбасадорската позиција во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија и формално влезе во преговори за…

Нелегалните мигранти ќе се пренесуваат во Северна…

Жељазков: Инсистираме на почитување на договорените предуслови…

„Бугарскиот парламент не поставува различни услови, но…

Рекордни зголемувања на водостоите во Македонија

Водостоите на речните текови во земјава денеска…

Аца Лукас е приведен во Кавадарци, менаџерот…

Вчерашниот концерт на српскиот пејач Аца Лукас…

Погрешен е впечатокот дека Германија издвојува помалку…

Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, во интервју…