Објавено на:

Путин го отповика Баздникин од функцијата амбасадор на Руската Федерација во Македонија

t

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој го отповикува Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор во Македонија.

Во претседателскиот указ објавен денеска на порталот за правни акти на Русија, пишува:

„Да се ослободи Сергеј Александрович Баздникин од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“.

Не е соопштена причината за отповикувањето на 58-годишниот дипломат, кој беше амбасадор на Руската Федерација во Македонија од 2018 година. За време на неговиот мандат се случија дипломатски проблеми меѓу двете земји, откако по нападот на Русија врз Украина во 2022 година, Москва протера македонски дипломати поради поддршката на земјава за Украина, а нашето МНР одговори со реципрочни мерки на протерување руски дипломати.

Како што потсетуваат руските медиуми, Путин во септември ги отповика и амбасадорите на Русија во Турција и Узбекистан. Засега нема најава за тоа кој би можел да го замени Баздникин на амбасадорската позиција во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…