Путин: Земјите од “златната милијарда” го експлоатираат светот

Современите кредитни односи се организирани на тој начин што им служат исклучиво на интересите на земјите од „златната милијарда“ кои ја злоупотребуваат својата позиција во светот и тоа дефинитивно мора да се разгледа, изјави рускиот претседател Владимир Путин на парламентарната конференција „Русија-Латинска Америка“ во Москва.
„Тие, „златната милијарда“ или поточно лидерите на овие земји од „златна милијарда“ ги експлоатираат практично сите други земји во светот. Тие ја злоупотребуваат својата позиција технолошки, информатички и финансиски“, рече рускиот лидер.
Претседателот оцени дека меѓународните финансиски институции се формирани на таков начин што освен „златната милијарда“ немаат корист никому.
Претседателот го привлече вниманието на фактот дека кредитните обврски се еден вид „данок“ за пазарите во развој.
„Тоа е како некој вид компензација. Не треба да биде така. Затоа сите заедно, со обединети сили треба да ги промениме правилата во оваа меѓународна сфера“, убеден е Путин.
Првата парламентарна конференција „Русија-Латинска Америка“ започна во петокот и ќе трае до понеделник, на која ќе учествуваат претставници на повеќе од половина од латиноамериканските земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прва реакција од Москва: Не исклучуваме контакти…
Руското Министерство за надворешни работи вечерва оопшти…
Москва: Лондон ќе добие одговор доколку ја…
Русија ја предупреди Велика Британија дека Лондон…
Кремљ: Москва е загрижена за милитаризацијата на…
Европската унија се позиционира како противник на…
За Москва укинувањето на помошта на САД…
Песков во врска со суспендирањето на американската…
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…