Објавено на:

Путин: Подготвен сум да преговарам со Украина

t

Претседателот Владимир Путин вели дека Русија ќе биде подготвена да разговара со Украина, САД и Европа за иднината на Украина доколку тие сакаат, но оти Москва ќе ги брани своите национални интереси, пренесува Гласот на Америка. 

„Во Украина, оние кои се агресивни кон Русија, и во Европа и во САД – дали сакаат да преговараат? Но, ние ќе го направиме тоа врз основа на нашите национални интереси“, рече Путин на состанокот на раководството на одбраната во Москва.

„Нема да се откажеме од тоа што е наше“, рече Путин, додавајќи дека Русија нема намера да се бори со Европа.

Русија контролира околу 17,5 отсто од територијата што беше меѓународно признаена како дел од Украина кога се распадна Советскиот Сојуз во 1991 година.

Русија го анектираше Крим во 2014 година, а минатата година рече дека четирите дополнителни региони на Украина што нејзините војници делумно ги контролираат се дел од Русија.

Киев вели дека нема да мирува се додека и секој последен руски војник не биде исфрлен од Украина.

Путин зборуваше на состанокот на Министерството за одбрана на кој присуствуваше воениот врв, меѓу кои и министерот за одбрана Сергеј Шојгу и генералот Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот, како и директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников.

Руските трупи, рече Путин, сега ја имаат иницијативата на бојното поле.

„Нема да се откажеме од целите на специјалната воена операција“, рече Путин, иако додаде дека на Русија и треба подобра воена комуникација, извидување, таргетирање и сателитски капацитет“.

Тој рече дека руската одбранбена индустрија реагира побрзо од онаа на Западот и рече дека Русија ќе продолжи да ги надградува своите нуклеарни сили и да ја одржува својата борбена готовност на високо ниво.

Производството на тенкови во Русија е зголемено од февруари 2022 година за 5,6 пати, беспилотни летала за 16,8 пати и артилериски гранати за 17,5 пати, рече Шојгу.

Тој рече дека Русија презела 490.000 договорни и доброволни војници во 2023 година.

Следната година Русија ќе се обиде да ја зголеми таа договорена сила на 745.000 мажи.

Руските сили поставија мински полиња во Украина од 7.000 квадратни километри – некои широки до 600 метри, заедно со 1,5 милиони противтенковски бариери и 2.000 километри противтенковски ровови, рече Шојгу.

Путин рече дека украинското членство во НАТО „не е прифатливо за Русија за 10 години, ниту за 20 години“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Илинденска“ Скопје via Москва: Директни пипци од…

Ќерката на вицепремиер во земја членка на…

Полска бара земјите од ЕУ да ја…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски: Подготвуваме уште четири нови безбедносни договори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…

Кој е наследникот на Ескобар? Александар Касанов…

Стејт департментот објави дека новиот заменик-помошник секретар…