Објавено на:

Путин: Резултатите на АфД се последица на системските грешки на западните елити

t

Победата на Алтернатива за Германија на изборите во Саксонија-Анхалт е дел од пошироките политички промени во Европа кои рускиот претседател Владимир Путин ги припиша на „системските грешки“ на западните глобалистички елити. АфД освои убедливо најмногу гласови во германската покраина со околу 2,14 милиони жители, но нема доволно пратеници за самостојно формирање влада.

Путин изјави дека случувањата во Европа се последица на погрешните политики на Западот во областа на економијата, безбедноста и надворешната политика. Тој оцени дека изборните резултати во Германија и сличните политички тенденции низ Европа покажуваат дека граѓаните стануваат свесни за последиците од тие политики.

Рускиот претседател повторно го обвини Западот и за војната во Украина, тврдејќи дека обидите Киев да биде приближен кон НАТО биле главна причина за конфликтот.

Според Путин, западните земји со години ги игнорирале руските противења на проширувањето на НАТО кон исток и вршеле постојан притисок врз Москва. Тој ги обвини западните влади и дека ги плашат своите граѓани со, како што рече, непостоечка руска закана која ја поврзуваат уште со времето на Советскиот Сојуз.

Изјавите Путин ги даде во Индија, каде престојува по повод самитот на групата БРИКС во Њу Делхи. На самитот учествуваат лидерите на земјите од проширениот БРИКС, меѓу кои и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Трговијата, технологијата и регионалните конфликти се меѓу главните теми на состанокот на организацијата која во последните години се прошири со повеќе нови членки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Резултатите на АфД се последица на…

Победата на Алтернатива за Германија на изборите…

Зошто се менува светската карта по пет…

Картата на светот што генерации ја гледаат…

Конечно разладување: Денеска дожд, невреме и пад…

По периодот на високи температури, денеска конечно…

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…