Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
Русија минува низ тежок период, но тој ја научи земјата на многу нешта – изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Путин вети дека ќе ја гарантира безбедноста на државата и ќе се справи со предизвиците, додека Киев продолжува со нападите врз руската воена и енергетска инфраструктура во обид да ги ослабне воените капацитети на Москва.
– Ги гледаме проблемите. Ги признаваме и реагираме на нив. Но, без сомнение ќе ја гарантираме безбедноста на земјата и на нашите граѓани – изјави Путин на конгресот на неговата партија „Единствена Русија“, одржан во пресрет на септемвриските избори.
– Несомнено ќе ги надминеме сите предизвици со кои денес се соочуваме, вклучително и терористичките напади врз нашата територија и инфраструктура – додаде тој, осврнувајќи се на украинските напади врз руска територија.
Во последните месеци Украина ја засили кампањата на напади врз Русија и регионите под руска контрола, наведувајќи дека тие претставуваат одговор на руските бомбардирања, кои речиси секојдневно предизвикуваат жртви и разурнувања од почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година.
Киев особено ја таргетира енергетската инфраструктура со цел да ги намали приходите од извозот, кои, според украинските власти, му овозможуваат на Кремљ да ја финансира војната.
Рускиот претседател зборуваше само неколку часа по, како што ја опишаа властите, „масовната“ украинска операција со беспилотни летала врз Краснодарскиот крај во југозападниот дел на Русија. Според регионалниот гувернер Венијамин Кондратјев, загинало едно лице, а избувнал и пожар во големата рафинерија во Славјанск на Кубањ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин: Русија минува низ тежок период, но…
Русија минува низ тежок период, но тој…
46. Марш за ангелите во Кочани
Родителите на починатите во кочанската трагедија денеска…
Македонија е најевтината европска држава: Истите работи…
Македонија е најевтината европска држава според истражувањата…
Мајка од Струга ги оставила децата да…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42)…
Истрели од „џип“ во Гостивар, осомничениот сам…
Ноќеска, околу 00:13 часот, во СВР Тетово…