46. Марш за ангелите во Кочани

t

Родителите на починатите во кочанската трагедија денеска на 46. Марш за ангелите реагираа на привременото отстранување од постапката на обвинителката Наташа Сарамандова, што се случи на последното рочиште на барање на адвокати на обвинетите.

Според нив, додека се презентирале доказите и се отворале прашања за начинот на кој функционирал објектот пред трагедијата, за пропустите, контролите и одговорностите – наместо да се слушаат со внимание доказите, на одбраната и било дозволено гласно по секој доказ да реагира и создава неред во судницата, по што преку поднесување за нив неосновано барање за изземање, било издејствувано привремено отстранување на обвинителката Сарамандова се до одлучување за барањето за нејзино изземање.

Како резултат на тоа се поставува прашањето како ќе се утврди вистината ако не се прикажат доказите и дали со нивното изведување и начин на презентирање им станува јасно на обвинетите дека се открива се што имаат направено за да настане трагедијата, апраша Александар Наунов, татко на починато девојче и претседател на ЗГ „16 март 2025“, од пред Основниот суд во Кочани

Родителите на денешниот марш за нивните починати деца уште еднаш изразија силна подршка за обвинителката Наташа Сарамандова и за Обвинителството, појаснувајќи дека доказ за тоа е нивното напуштање на судницата на последното рочиште.

Како што велат, тие ќе се борат до последен момент за вистината. Разочарани се од тоа што се случувало во судницата на последното рочиште. Велат, се добило впечаток дека обвинетите вработени во Министерствот за економија можеле да издадат лиценца за кабаре дури и на виќенд куќичка без да размислат за последиците и смртните исходи, како што е случајот во кој се обвинети.

И овој 46. Марш за ангелите започна во „Паркот на Револцијата“, луѓето маршираа низ Трговскиот центар со кратки запирања пред зградите на УЈП и Полициската станица. Обраќање за јавност имаше пред Основниот суд, а маршот заврши од каде и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…

Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…

ТРАМП: НЕ НИ ТРЕБА ДОГОВОР СО ИРАН,…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Драма во Гази Баба: 59-годишен скопјанец натепан…

59-годишен скопјанец пријавил физички напад од страна…

Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра: Киел…

„Киел Македонија“, која е дел од германската…

Драматичен апел на Зеленски: Го забавија „Старшилд“,…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…