Објавено на:

Путин се закани: Да не сте се осмелиле да се мешате – ќе следуваат последици како никогаш досега

t

Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава во специјално обраќање ги предупреди сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина.

“Сега неколку многу важни зборови за оние кои би можеле да бидат во искушение да се мешаат во настаните што се случуваат: кој и да се обиде да не попречи, згора на тоа, да создаде закани за нашата земја и народ, треба да знае дека одговорот на Русија ќе реагира и дека ќе ве води до такви последици со кои никогаш во историјата не сте се соочиле“, – предупреди тој.


Путин рече дека се донесени сите неопходни одлуки и дека се надева дека некој ќе ја слушне неговата порака.
Да потсетиме, рускиот претседател синоќа донесе одлука за специјална воена операција во Донбас. Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина.


Ескалацијата на ситуацијата во Донбас започна на 17 февруари. Украинската армија почна интензивно да ги гранатира позициите на Доњецката и Луганската народна република.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…