Објавено на:

Путин: Украина е жpтвено јагне на Западот за ослабување на руската воeна и економска моќ

t

Прв пат во последните неколку месеци, колку што трае кризата на Украинската граница, рускиот претседател Владимир Путин зборувал за намерите на Русија, но и за потезите на Западот. Ова се петте клучни работи кои Путин ги подвлекол во своето обраќање.

Западот ја намамува Русија
Путин не зборувал јавно за украинската криза од 23-ти декември, додека руските и западните дипломати имале неколку рунди разговори со цел ублажување на кризата.

Според мислењето на рускиот претседател, лидерите на западните земји преку Украина се обидуваат да ја намамат Русија во војна и така ја ослабат нејзината воена и економска положба.

Во ова сценарио, копјата би се кршеле преку Украина, која би се нашла во средината на страшен судир.

САД ги игнорираат барањата на Русија
Главното барање кое Русија го пратила до лидерите на САД и НАТО се однесува на гаранцијата дека Украина нема да стане членка на Алијансата, како и дека сојузот ќе престане да разместува оружје во близина на руските граници и дека ќе ги повлече силите од источна Европа.

Како што истакнал, НАТО категорично ги одбил овие барања и ќе продолжи да работи на приемот на Украина во наредниот период.

Безбедносните грижи не се на масата
Покрај барањата кои ги пратила Русија, Путин порачува дека постојат големи грижи за безбедноста на граѓаните во сите држави на истокот. Постапките на Западот, смета рускиот претседател, не им прават услуга на граѓаните на Украина која сега секојдневно стравува дека ќе дојде до војна која ќе ги уништи. Истовремено, Русите не се среќни што постојано се споменуваат во контекст на агресор кој сака да го покори светот.

Украина е инструмент
Западот нема никакви намери да и помогне на Украина, туку само да ја искористи како инструмент за остварување на својата цел, а тоа е загрозување на позицијата на Русија.

Во Соединетите Американски Држави зборуваат за можноста од санкции за Русија, рекол Путин, а Украина стапува на сцена како помошен елемент за спроведување на тие санкции.

Дипломатијата има шанси
Иако првобитните барања се одбиени, а Западот моментално се регрупира, Путин вели дека Русија ќе остави простор за нови преговори и евентуален договор.

Тој изразил надеж дека дијалогот со Украина ќе продолжи и истакнал дека е потребно да се најде начин да се заштити сечија безбедност. Додал дека францускиот претседател Емануел Макрон би можел наскоро да ја посети Москва во рамките на обновените дипломатски напори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската армија обвинува: Украинците претвораат цивилни објекти…

Руска армија: Украинските нацистички баталјони ги претвораат…

Русија достави 507 тони хуманитарна помош во…

Пет хуманитарни акции беа спроведени од страна…

Путин ги пофали младите Руси за активната…

Младите во Русија се трудат да го…

Пензиониран српски дипломат: САД лажат, не помагаат,…

Лажното застапување на Америка: Не сакаат дијалог…

САД праќаат нова тура воена помош во…

САД се подготвени да и дадат на…