Објавено на:

Радев сe вознемири за бришењето на клубот „Иван Михајлов“: Многу лошо решение!

t

Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев со свој коментар за бришењето од Централниот регистар на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Тој го оцени решение како израз на паника и немоќ.

„Многу лошо. Решението е израз на паника и немоќ. Скопје треба да признае дека има македонски Бугари, дека има бугарско присуство во Република Македонија. Не од денес, од вчера туку до векови, од 1300 година. Има бугарска историја. Забранувањето на имињата на бугарските клубови нема да ја за забрани упорноста на Бугарија и на нашите Европски партнери, Република Македонија да ги запише Бугарите во Уставот“ – рече Радев.

Радев напомена дека впишувањето на Бугарите во Уставот е задолжителен услов за патот на Македонија кон ЕУ.

„Се сеќавате дека во мај месец минатата 2021 година јас за прв пат тука го отворив прашањето за правата на македонските Бугари и благодарение на едногодишната упорна работа, бидејќи тука не го разбираа проблемот ниту институциите, ниту нашите партнери, ниту лидерите на тие држави. Благодарение на нашата упорна работа, впишувањето на Бугарите во Уставот веќе е дел од преговарачката рамка, слушнавте што кажаа и европските лидери, тоа е апсурдно задолжителен услов“ порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…

Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…

САД ја продолжија националната вонредна состојба во…

„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…

Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…