Радев ќе лови инвестиции во Саудиска Арабија

t

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го посети Кралството Саудиска Арабија, каде што, на покана на престолонаследникот и премиер на земјата, Неговото Кралско Височество Мохамед бин Салман, шефот на бугарската држава ќе учествува на деветтото издание на форумот „Иницијатива за идни инвестиции“.

Меѓународниот форум ги собира државните и владините лидери од целиот свет, политичари, инвеститори, претставници на бизнисот и иноватори, кои дискутираат за предизвиците со кои се соочува современиот свет, како и за можностите за инвестиции и стимулирање на економскиот развој. На 27 октомври, претседателот ќе одржи средба со претставници на бугарската заедница во Саудиска Арабија. Приемот ќе се одржи во бугарската амбасада во Ријад.

На 28 октомври, шефот на бугарската држава ќе учествува на официјалното отворање на Иницијативата за идни инвестиции, а подоцна во текот на денот ќе учествува во дискусија на тема „Која е вистинската цена на економската безбедност“. Во рамките на меѓународниот настан, претседателот ќе одржи билатерални средби на високо и највисоко политичко ниво. Иницијативата за идни инвестиции е организирана од Институтот FII – невладина организација која се фокусира на теми како што се развојот на високи технологии, роботика, вештачка интелигенција, образование, здравствена заштита и одржлив развој. Одржувањето на меѓународниот настан е дел од стратешкиот план на Саудиска Арабија за економски развој и модернизација „Визија 2030“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев денеска има разговор во „четири очи“…

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор…

ПЕТКОВ, НЕ ЛETAЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ…

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ Никогаш не сум…

Дали Петков ќе ја посети или не…

По вчерашната средба на бугарскиот политички врв…

Македонците да престанат со фалсификувањето на нашето…

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција…