Радев денеска има разговор во „четири очи“ со Шолц
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска има разговор во „четири очи“ со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој се наоѓа во посета на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, по нивната заедничка фотографија, во зградата на претседателската администрација почнаа пленарните разговори меѓу двете делегации.
На почетокот од разговорите, како што забележуваат бугарските медиуми, немало воведни зборови, туку само можност за протоколарни кадри за снимателите и фоторепортерите.
Радев и Шолц застанаа на официјална фотографија во салата со грбот на Претседателството во Софија.
Претходно, германскиот канцелар Шолц имаше средба со премиерот Кирил Петков, по која двајцата одржаа заедничка прес-конференција.
Во фокусот на разговорите беа можностите за продлабочување на билатералните односи, како и актуелните прашања, вклучително и предизвиците од војната во Украина, енергетската безбедност во Европа и европската интеграција на Западен Балкан. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…
Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…
Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…
Германската економија во голем број сектори има…