Развојна банка го прекршила правото на новинар, мора да ги открие фирмите кои земале државни кредити
Уставниот суд на денешната седница донесе едногласна и историска одлука со која утврди дека Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје ја повредила слободата на мислата и јавното изразување на новинарот Давид Илиески. Судот ѝ нареди на банката во рок од 8 дена да ги достави сите барани информации кои со години ги криела од јавноста.
Што бараше новинарот, а што криеше Развојна банка. Случајот започнал откако новинарот Илиески на 10 октомври 2025 година поднел Барање за пристап до информации од јавен карактер. Тој барал податоци за тоа како се трошат јавните финансии, поточно:
Детален список или база на податоци со сите компании и проекти кои добиле кредити од Развојна банка во периодот од 1 јануари 2020 година до денот на одговорот.
Информации за компаниите кои добиле под-заеми преку комерцијални банки во рамки на кредитни линии координирани од Развојна банка.
Наместо транспарентност, Развојна банка го прифатила барањето само делумно – споделила само збирни бројки (агрегирани податоци) за бројот на поддржани компании, но упорно одбивала да ги открие имињата на фирмите, повикувајќи се на „банкарска тајна“. Банката не постапила ниту по две извршни решенија од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер (АСПИ), која изречно ѝ наложила да ги предаде податоците.
Падна изговорот за „банкарска тајна“: Судот го примени Европскиот тест
За да донесе одлука, Уставниот суд го применил „трипартитниот тест во демократско општество” на Европскиот суд за човекови права. Заклучоците од анализата целосно ги побиваат аргументите на Развојната банка:
Незаконско ограничување: Непостапувањето по извршно решение од АСПИ не е пропишано со закон, туку е спротивно на него. Повикувањето на „банкарска тајна“ не може да претставува законска основа за криење на овие информации.
Нема легитимна цел: АСПИ веќе претходно утврдила дека нема причини за ограничување на информациите, па повторното повикување на истата основа од страна на банката е неоправдано.
Опасност за демократијата: Криењето на податоците за јавни пари е спротивно на принципите за транспарентност и отчетност, а непочитувањето на конечните решенија директно го поткопува владеењето на правото.
Преседан: За првпат применет членот 57 за отстранување на последиците
Оваа одлука, поддржана од сите осум уставни судии, има огромна тежина во македонскиот правен систем.
Уставниот суд за прв пат во своето постоење ја примени можноста од членот 57 од својот Акт. Со тоа, Судот не само што констатираше повреда на правото, туку директно го определи начинот и рокот за отстранување на последиците: Развојната банка е задолжена да ги достави бараните информации најдоцна 8 дена по објавувањето на одлуката во „Службен весник“.
Од Судот потенцираат дека слободата на примање информации е нераскинлив дел од слободата на изразување и очекуваат оваа преседанска одлука да воспостави нова пракса со која институциите повеќе нема да можат да ги игнорираат барањата за информации од јавен интерес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Развојна банка го прекршила правото на новинар,…
Уставниот суд на денешната седница донесе едногласна…
Кочан ладен Први мај: дожд и температури…
Времето ќе го расипе Првомајскиот излет оваа…
Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово,…
Уставниот суд на денешната седница донесе одлука…
Зајкова: За граѓаните сме тука, не за…
„Сите се сеќаваме на времето на ‘заробената…
Битиќи: Без техничка влада нема фер избори
Техничката влада е клучен механизам за обезбедување…